­

Новости

Вино-Скоп 2016

Вино-Скоп 2016

Традицијата продолжува и оваа година, по десетти пат – реномираниот фестивал кој ја исполнува културно - уметничката емоција на градот Скопје – „Вино-Скоп“. Од 28 септември до 2 октомври на плоштадот „Македонија“. Дојдете да ги доживеете урбаните приказни во придружба со убавите македонски вина и деликатесна храна.

Започнете ја есента со божествениот напиток - виното. Љубителите ќе можат да одберат од широкиот спектар на вински сорти на повеќе од 30 домашни винарии. Уживајќи во чаша добро вино надополнето со убава музика, гостите повторно ќе бидат дел од уникатниот позитивен импулс на фестивалот.

„Виноскоп 2016“ – приказна за Скопје која не смеете да ја пропуштите.

Назад кон: Новости